По неколку месеци чекање, конечно го видовме Даниел Рикардо во Ф1 болидот на Ред Бул Рејсинг, но тоа не е болидот RB19 што сезонава го користат Макс Верстапен и Серхио Перес, туку стариот болид RB7.

Во видеото објавено од Ред Бул Рејсинг, Рикардо се појавува како го вози автомобилот RB7, што го користеа Марк Вебер и Себастијан Фетел во 2011 година. RB7 му помогна на Германецот да ја освои втората светска титула, а Фетел го нарече Кинки Кајли.

Следната Формула 1 трка се вози овој викенд во Австралија, па Ред Бул решија да ја најават во свој стил.

Во видеото се појавува и Хана Шмиц, стратегиската инженерка на Ред Бул Рејсинг, која во соработка со Рикардо се „подготвува“ за претстојната трка иако RB7 е придвижуван од 2,4-литарски V8 мотор со систем KERS и нема речиси ништо заедничко со болидите од хибридната ера, но приказната посветена на Австралија е важна.

Рикардо со болидот тргна во „правлива“ оф-роуд авантура и посети неколку различни локации и површини со цел да ги „собере“ потребните податоци за поставките на болидот.

Видеото завршува со табла на која се гледа оддалеченоста на Мелбурн од 780 милји, па Ред Бул би можел да објави уште едно промотивно видео кое води до самата трка.