Даниел Крег за животот пред славата: „Морав да крадам храна за да преживеам“

Date:

Даниел Крег открил дека во младоста бил присилен да краде храна од супермаркет за да преживее, пред да стане славен.

Британскиот актер, најпознат по улогата на Џејмс Бонд, во интервју за „Rolling Stone“ проговори за тешките моменти од младите денови.

Крег раскажал дека во една прилика тој и неговата тогашна девојка смислиле луд план да украдат замрзната патка од еден супермаркет.

„Украдов патка, а таа ја стави под маицата, преправајќи се дека е бремена“, раскажал актерот, додавајќи дека не било толку страшно и дека супермаркетите „можат да си дозволат загуба од една или две патки“.

„Инаку, крадев само од супермаркети кои можеа да си го дозволат тоа. Сакам тоа совршено да го разјаснам. Немавме што да јадеме, а моравме да се храниме“, додал Крег.

На 16-годишна возраст го напуштил училиштето

Крег на 16 години го напуштил училиштето и се преселил во Лондон за да стане актер. Бил примен во Националниот театар за млади, а по некое време започнал да добива помали улоги на ТВ до својата 18-та година.

Но, тогаш не заработувал доволно за да си дозволи луксузни јадења.

„Она малку што ќе го заработев, го трошев на пиво и чаден лосос, а за вечера обично јадев пилешки или говедски чорби“, раскажал актерот и додал дека понекогаш избегнувал и плаќање кирија.

55-годишниот Крег оттогаш во својот животопис додал безбројни филмски класици, а глумеше во дури пет филмови за Џејмс Бонд.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија одигра уште еден одличен натпревар

Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23. Нашите...

Верстапен на пол-позиција во Абу Даби

Коцките се фрлени за финалето на сезоната во Формула...

Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ 

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18....