Екипата на РБ го отпушти возачот Даниеле Рикардо, па до крајот на сезоната во Формула 1 место него ќе настапува Лијам Лосон.
Се шпекулираше уште по минатонеделната трка во Сингапур дека австралискиот возач ќе добие отказ, па сето тоа вчера и официјално беше потврдено.
Со отказот во РБ, 35-годишниот Рикардо најверојатно ќе ја заврши кариерата во Формула 1 во која оствари осум победи во 257 трки за 14 сезони.
„Го сакав овој спорт цел живот. Диво а прекрасно, неверојатно патување. На екипите и поединците со кои работев, им благодарам. На навивачите кои понекогаш го сакаат овој спорт повеќе и од мене, благодарам, благодарам. Секогаш има растови и падови, но беше забавно и ништо не би менувал. До следната авантура“ – напиша Рикардо на својот Инстаграм профил.





