Дамијано Давид за прв пат во јавност со нова девојка

Date:

Дамијано Давид, пејачот на групата Манескин и победник на Евровизија, по раскинувањето со својата долгогодишна девојка Џорџа Солери, сега има нова девојка.

Тој е во врска со американската пејачка и актерка Дав Камерон, а беа разоткриени од папарацо фотографии.

Тие беа фатени како се шетаат и се бакнуваат на плажа во Сиднеј, а откако фотографиите беа објавени во италијанскиот магазин „Чи“, брзо се проширија на социјалните мрежи.

Гласините за нивната врска започнаа кога Дав настапуваше со Дамијано во Бразил, а обожавателите тврдеа дека ги виделе како се бакнуваат на забава во Лос Анџелес.

Инаку, се дозна дека Дамијано раскинал со Џорџа кога се појави видео како се бакнува со девојка непозната за јавноста.

Инаку, Дав е позната по серијата „Лив и Меди“ во која играше двојна улога, а покрај музиката продолжи да глуми, а глумеше и во „Наследници“. Во една прилика изјавила дека е бисексуалка, и дека се борела со депресија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...