Дали ќе се стави крај на должничкото ропство – Пратениците изгласаа спас за должниците: Каматата нема да биде поголема од долгот

Date:

Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени: со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот.

Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

И претставниците од невладините здруженија велат дека измените, како што се ветуваат ќе значат најпосле крај на „дивеењето“ на извршителите, кои знаее и по десетпати повисоки суми да има наплатат на граѓаните кои изумиле или не успеале да платат некој долг.

Сегашното решение од 10 години застареност им даваше можност на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а граѓанинот должник да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата која во одредени случаи можеше да биде и 100 пати повисока.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВРСКИТЕ ПО КОПНО И ПО ВОДА СО БРОДОВИ МЕЃУ ЦРВЕНОТО МОРЕ, МЕДИТЕРАНОТ И РЕКАТА НИЛ (9)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Неизвршување на функцијата уставен судија се најавите за неприсуство...

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

За палење на македонското знаме на прославата на денот...

Мицкоски размислува за преземање на ЈСП од владата ако и натаму нема нафта

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема да набљудува...