Дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“, прашаа родителите на загинатите деца на денешниот марш во Кочани

Date:

Родителите и блиските на загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ денеска повторно излегоа на марш во Кочани. „Маршот за ангелите“ почна во 14 и 5 минути, а колоната тргна од Паркот на револуцијата, преку централното градско подрачје продолжи покрај Управата за јавни приходи и полициската станица, за да заврши пред Основниот суд, каде родителите ги повторија своите барања.

Тие велат дека очекуваат правда и судење низ докази и одговорност, а не низ стихови и метафори.

„Дали судницата се претвори во Струшките вечери на поезијата? Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца? Затоа што, од тоа го слуша јавноста, може да се помисли дека децата не загинале, дека пожар немало, дека никој не е виновен и дека трагедијата била случајна. Но, вистината е сурова е тешка, нашите деца изгореа живи, во чад и во паника, со крикови за помош што никој навреме не ги слушна. Јавното обвинителство објави дека за предметот има повеќе од 200 гигабајти доказен материјал, вештачења, разговори, аудио и видео снимки, извештаи и анализи. Тоа не се празни зборови, тоа се факти. Тоа се трагите на одлуките и неодлуките, тоа е патот на одговорноста. И покрај тоа, одбраната упорно тврди дека никој не е виновен, а уште пострашено е што слушаме нешто што ја навредува и здравата логика, дека некој од обвинетите не знаел дека во градот постоела дискотека, дека никоја институција немала надлежност“,кажа на маршот, Александар Наунов, родител на девојка почината во трагедијата во „Пулс“.

Родителите на загинатите велат дека маршевите ќе продолжат, но и дека ќе го следат секое рочиште, се додека, како што акажаа, правдата не излезе на виделина.

„Овој марш е за државата да почне да функционира, за институциите да не бидат празна форма, за функциите да не бидат само плата, туку и обврска“,рече Наунов.

Инаку, во тек е судската постапка за пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Сите 35 обвинети физички лица се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а трите фирми ги отфрлија наводите во обвинението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...