Адел настапувала во Лас Вегас каде го прекинала концертот поради хомофобичен коментар на маж од публиката, а видеото од тој момент за брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Имено, во текот на настапот на Адел, човек од публиката извикал „Гордоста е ср*ње!“, по што пејачката бесно изреагирала и го прекинала концертот.

„Дојде на моето е**но шоу и кажуваш ‘Гордоста е ср*ње’? Дали си глупав? Ако немаш ништо убаво да кажеш, молчи, добро?“, му рекла Адел, на што дел од публиката аплаудирала.

Потсетуваме дека пејачката низ годините ја поддржуваше ЛГБТК заедницата. Таа дури и го посвети својот настап во Белгија во 2016 година на жртвите од масакрот во ноќниот клуб на Флорида. Во тоа злосторство во геј клубот биле пронајдени мртви дури 50 луѓе.

„ЛГБТК заедницата, тие се како мои сродни души уште од мала, ова многу ме потресе“, изјавила пејачката за трагедијата.