„Градец – природа, историја, традиција, култура“ беше насловот на националната научна конференција што се одржа во смеморијалната сал ана музејско-едукативниот центар во селото Градец, кривопланачеко, во организација на Кластер за туризам, Крива Паланка.

-На конференцијата Градец , областа „Градечки чуки“ беше опфатена од сите аспекти, научни области, етнолошки, културолошки и беа презентирани резултатите од присутните говорници, што имаме за цел да придонесат за нов туристички продукт и пакет во Крива Паланка, природен културно-историски парк со многубројни содржини атрактивни за посетителите. И општината ќе продолжи со инвестициски активности за развој на овој дел, ќе се одредат маркерите на иднито туристички апкет Градец и да се продолжи со поврзување на Осиче акко значаен дел од реонот, рече Драган Величковски, директор на ЛУ Градски мзуеј Крива Паланка и одговорен на Кластерот за туризам што е ностиел на проектот, поддржан од Министерство за култура.

На овој локалитет се наоѓаат и испосницата на св.Јоаким Осоговски, значајниот археолошки локалитет Градиште и црквата св.Никола, а говорниците презентираа за традицијата, историјата, природата и културата на Градец.

Беа претставени студија за валоризација на палеовулканска област Градечки чуки, природните и планинарски особености на областа , Градец како туристичка дестинација во плановите стратегиите и програмите за развој на општина Кр. Паланка и СИПР, инвестиционите активности на Општина Крива Паланка за развој на туризмот во село Градец, проектот „Земја на легендите“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу општина Лесковац (Р. Србија) и општина Кр. Паланка (Македонија), од областа на културно-историско наследство: Археолошки локалитет Градиште, кривопаланечко и контекстот на фортификациските периметри на античките утврдувања – 10 годишни истражувувања податоци и туристичка перспектива, виртуелна реконструкција на археолошкиот локалитет, конзервација и реставрација на археолошки предмети од овој локалитет, Црква Св. Никола во с.Градец- архитектура и типолошка анализа, предизвик за конзерваторско – реставраторските практики и културен туризам, иконите во црквата Свети Никола во с. Градец – типологија, аналогија и стилови, „Ѓаволешка карпа “ – интересна етнолошка и туристичка приказна, легенди и преданија од селата Градец, Баштево, Лозановo и Осиче, народната традиција во пределот Градечки чуки, демографските промени во Кривопаланечките села: Градец, Габар, Осиче, Лозаново и Баштево 1948 – 2012 и „Градечки чуки“ во периодот на интернацијата, аграрната реформа и колонизацијата 1943 – 1953“.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на отворањето на конференцијата истакна дека општината работи на проектирање на патот во Градец што ќе придонесе дополнително да се подобри и инфраструктурата во овој реон.

-Заложбите се во насока на целокупно ставање на ресурсите и потенцијалите да се придонесе кон онаа првична цел- Градец да го добие својот примат и да се развива туристички, за што, секако, музејот во сите овие изминати години, деценија и повеќе, постојано придонесува, рече Митовски.

Од конференцијата ќе биде oбјавена публикација со сите трудови презентирани на истата.