Во ВМРО-ДПМНЕ се уште го чекаме текстот на Декларацијата за Илинден којашто СДС ја најави пред речиси цел месец, во насока на заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ.Декларацијата СДС ја најави пред прославата на Илинден, а оттогаш има само молк и за неа и за ставовите искажани од Софија за Илинден, потсетува Наум Стоилковски.
И оттука прашуваме дали СДС по најавата им е забрането или се исплашија и да состават Декларација со таква содржина или пак се исплашија самоцензурираа, и со тоа ја излажаа македонската и меѓународната јавност?Во оваа насока, го чекаме прво текстот на Декларацијата за Илинден најавен од СДС пред еден месец.Како сериозна партија очекуваме официјален допис, рече тој.
Дали власта се исплаши од Декларацијата за Илинден што самата ја најави?
