Далас убедливо со 142-116 го совлада Сан Антонио во тексашкиот дуел, а Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа најдобри во тимот, Денвер славеше гостинска победа кај Кливленд со 115-109, Никола Јокиќ запиша уште еден трипл дабл.

Дончиќ и Ирвин за првпат како тандем во Далас се радуваа на победа, тие го водеа тимот до триумф над Сан Антонио. Лука Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, имаше и десет асистенции, Ирвинг беше втор стрелец за Далас со 23 поени, одличен беше и Хардавеј кој постигна 22. Во тимот на Сан Антони, Бранхам реализираше 23.

Денвер дојде до гостинска победа кај Кливленд благодарение на одлична игра во последната четвртина. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, постигна 24 поени, имаше 18 скокови и 13 асистенции, поефикасен од него во Денвер беше Портер со 25 поени. Најефикасен на теренот беше кошаркарот на Кливленд, Мобли кој постигна 31 поен.

Лос Анџелес Лејкерс врза две победи откако со 124-111 беше подобар од шампионот Голден стејт. Леброн и Дејвис не беа поентерски доминантни на овој меч, кралот имаше 13 поени, Дејвис поен помалку, Бизли со 25 поени беше најефикасен кај Лејкерс, Томпсон постигна 22 за Вориорс.

Резултати:
Кливленд – Денвер 109-115, Индијана – Бостон 138-142, Орландо – Детроит 108-106, Филаделфија – Мемфис 110-105, Торонто – Њу Орлеанс 115-110, Далас – Сан Антонио 142-116, Јута – Оклахома 120-119, ЛА Лејкерс – Голден стејт 124-111, Сакраменто – Портланд 133-116