Екипата на Далас Маверикс го одбрани домашниот терен и славеше над Јута Џез со 120-116 во НБА лигата.
Составот од Тексас игра во стилот топло-ладно во последно време, но овојпат забележа триумф за кој најзаслужни беа главните ѕвезди Дончиќ и Ирвинг. Словенецот имаше дабл-дабл од 29 поени и 10 скокови, Кајри пак реализираше 33 поени со 6 скока и 8 асистенции.
Воедно треба да се каже дека во оваа 34 победа значаен придонес имаше и резервисто Хардавеј Џуниор кој беше автор на 24 поени. Кај поразените се издвои Марканен со 33 кошеви.
На Лос Анџелес Лејкерс му се потребни добри резултати за да дојде до посакувата цел (плејофот), па во отсуство на повредениот Џејм одговорност презема Дејвис кој блескаше и да пресметката со Мемфис Гризлис.
„Езерџиите“ изборија триумф од 112-103, Дејвис беше лидер со 30 поени и дури 22 скокови. Треба да се каже дека во таборот на Лејкерс имаше уште тројца играчи кои уфрлија по 17 поени и тоа Шредер, Хачимура и Ривс.
Со учинок 32-34 тимот од Калифорнија е на 9 место на Западот.
Резултати:
Детроит – Вашингтон 117:119
Орландо – Милвоки 123:134
Минесота – Филаделфија 94:117
Њујорк – Шарлот 105:112
Хјустон – Бруклин 96:118
Оклахома – Голден Стејт 137:128
Далас – Јута 120:116
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 112:103
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]