Дакар 2026 – Ново-стари господари на песочните беспатија

Date:

Заврши уште едно издание на релито Дакар.

И овој пат во Саудиска Арабија човекот и машината се спротивставуваа на бруталната природа постигнувајќи брзини кои е тешко да се замислат.

Нивната голгота траеше 14 дена и скоро осум илјади километри за на крај разликите да се мерат во секунди – барем кај мотоциклистите каде после скоро 50 часа возење Аргентинецот Лусијано Бенавидес на KTM помина низ целта само две секунди пред Американецот Рики Брабек со Honda.

Овој финиш долго ќе се памети во историјата на Дакар како најнеизвесен – досегашниот рекорд изнесуваше 43 секунди. Кај автомобилите ветеранот Насер Ал-Атија не дозволи големи изненадувања. Возејќи скоро цело време како апсолутен фаворит за победата тој по шести пат го покори Дакар донесувајќи ѝ голема радост на Dacia.

Значајно е дека 55-годишниот Катарчанец своите шест победи ги има остварено со четири различи производители. На второто место заврши Шпанецот Нани Рома а трет беше Финецот Матијас Екстром, и двајцата со Ford.

Титулата кај камионите отиде во витрините на Iveco чиј екипаж предводен од Литванецот Ваидотас Жала ги победи своите тимски колеги, Чехот Алеш Лопраис и Холанѓанецот Мичел ван ден Бринк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRATION IN THE USA AFTER WORLD WAR II (29)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шкендија повторно дојде на еден бод зад Вардар, Тиквеш славеше во Струга

Шкендија рутински стигна до нова победа во Тетово откако...

НБА крај на сезоната: Познати сите патници во плеј-ин, Леброн и Јокиќ спремни за главната сцена!

Заврши регуларниот дел од возбудливата НБА сезона! Последниот ден...

 Традиција, семејство и многу црвени јајца – како македонските ѕвезди го прославија Велигден

Најголемиот христијански празник, Велигден, ги собра македонските јавни личности во кругот на...