Ресторанот „Гордос“ во израелскиот град Холон стана хит на социјалните мрежи поради начинот на кој ги послужува своите деликатеси.

Видеото во кое гостите добиваат десерт во тоалетна школка е прегледано повеќе од 12 милиони пати на интернет. Се разбира, не сите се ентузијасти за оваа идеја.

Корисниците на TikTok не го критикуваа претерано „Гордос“, иако одреден број изјавија дека нема да нарачаат деликатес во такво „пакување“.

Во описот на видеото не е наведено што келнерот им донел на насмеаните девојки, освен дека се работи за „тајно мени“. Корисниците наведуваат дека најверојатно послужил чоколаден сладолед.