Помеѓу паузите во нивното езерце во затворот „Сао Педро де Алакантара“, овие гласни птици, наречени гуски-агенти, го контролираат зелениот простор помеѓу внатрешната ограда и главниот надворешен ѕид.
Персоналот вели дека нивната будност ги прави одлични чувари, дури и подобри од кучињата.
– Имаме електронски надзор, личен надзор и на крај надзор од гуски, кои ги заменија кучињата – вели директорот на затворот, Роберто де Соуза.
Пиу-Пиу е на чело на малото јато, предводејќи ги гуските во надзорот. Кога полицајците ќе го повикаат неговото име, тој испушта препознатлив звук.
Соуза вели дека чувањето гуски е попристапно од чувањето кучиња.
– Навечер е многу тивко. Дури и преку ден, како што можете да видите, тоа е тивко и мирно место, а уште повеќе навечер. Локацијата е одлична за ваков тип безбедност – вели тој.
Неколку фактори ги прават гуските многу ефективни чувари. Тие имаат одличен вид, поостар и попрецизен од човечкиот, а истото важи и за нивниот слух. Тие се природно територијални, што значи дека автоматски ќе предизвикаат бучава ако некој влезе во нивниот простор. И што е најважно – гуските се исклучително гласни.
Гуските како гранични полицајци
Во октомври 2021 година кинеската влада распоредила околу 500 гуски на кинеско-виетнамската граница, подготвени да касаат или да гракаат ако некој се обиде да ги прекрши правилата за карантин за ковид-19 и илегално да влезе во Кина.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]