Со српски авиони се евакуираа македонските граѓани од Тел Авив

Date:

Речиси изминува 7 ден ден од војната во Израел, а бројот на жртвите продолжува да се зголемува. Голем број земји, меѓу кои и Македонија прават напори да ги евакуираат своите државјани кои бараат да ја напуштат тамошната територија и областа околу појасот Газа.

Македонската влада соопшти дека во соработка со „Ер Србија“ е организиран чартер лет на релација Тел Авив-Скопје, а како што се дознава авионот со српски и македонски државјани ќе полета од аеродромот во израелскиот главен град.

Дел од српските медиуми објавија видео од аеродромот во Тел Авив каде може да се види голема гужва пред поаѓање и нетрпение меѓу присутните државјани.

Летот за репатријација на Ер Србија евакуира граѓани од Тел Авив во Израел, пред се од Македонија, а во истиот имало и по некој Србин и Црногорец.

Во авионот на „Ер Србија“ имало вкупно 133 патници, од кои доминантно државјани на Македонија, кои го продолжиле патувањето од Скопје до Белград.

Српскиот амбасадор Душан Вујовиќ, пренесувајќи ја атмосферата на воодушевување, рекол дека патниците скандирале „Да живее Србија“.

„Го добивме и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам пред амбасадите на Србија и Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа. Прво летаат за Скопје, па за Белград. Внимавајте и се надевам дека ќе се видиме во добри времиња. Се најдобро“, рекол Вујовиќ.

Авионот ќе ги евакуира патниците оставени од други авиокомпании, без можност за враќање дома.

Трошоците за летот се на товар на Владата на Македонија, пренесува Танјуг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...