Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Date:

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната сопственост, да го регистрира името на македонскиот фудбалски клуб „Престон Македонија“ предизвика загриженост во грчката заедницата, пренесува Неос косомос.

Истакнатиот член на грчката заедница Сем Костулиас од ИП Австралија побара писмено објаснување. Тој нагласи дека според Договорот од Преспа не може да се регистрира трговското име „Macedonia“ или „Македонија“, a и сонцето од Вергина не може да се користи како амблем.

На неговото барање одговори Блејк Ноулс, директор за трговски марки, дизајн, квалитет…, кој вели дека Австралија го признава и спроведува Договорот од Преспа, но прашањето за регистрирање на името „Престон Македонија“ не спаѓа во одредбите на договорот.

„Употребата на терминот ‘Македонија’, во контекст на трговските марки, не изразува никаква  расна или културно навредлива или иредентистичка порака.

Употребата на тоа име е дел од самоидентификувањето и културното наследство поврзано со клубот. Нашето истражување покажува дека терминот ‘македонски’ се користи и од други организации кои ги претставуваат или им служат на Австралијците чие наследство е северномакедонско.

Иако признавам дека има некои во грчката австралиска заедница кои силно претпочитаат терминот „Маcedonia“ или „Македонија“ да се користи само од оние со наследство од грчкиот регион Македонија, или oд Грција, ова не е доволно за да се направи скандалозно користењето на трговските марки од клубот“, пишува во одговорност на Ноулс.

Костулиас не се согласи со ова и вели дека се надева дека грчката заедница (организации и поединци) ќе го поддржат. Тој писмото што го добил од австралиските власти го испратил и до грчките дипломатски власти, со надеж дека ќе преземат решителни чекори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...