Грчеви, жештина и речиси четири часа тенис – Синер го преживеа Спицири и драмата во Мелбурн

Date:

Во меч обележан со тешки временски услови за игра, италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Американецот Елиот Спицири по пресврт со 3:1, по сетови 4:6, 6:3, 6:4, 6:4 и се пласираше во осминафиналето на Австралија опен.

Добро го започна мечот Спицири, 85. тенисер на светот, кој го освои првиот сет, но за да го победите Синер, сите коцки мора да ви се поклопат, што на Американецот не му се случи.

Во првиот сет беа разменети четири брејка, а Спицири при резултат 4:4 направи нов и потоа го потврди за освојување на првиот сет.

Текот на мечот беше таков што изгледаше дека се подготвува големо изненадување, бидејќи Спицири на почетокот на вториот сет направи нов брејк и поведе, додека Синер не беше на своето максимално ниво, бидејќи имаше проблеми со грчеви.

Сепак, при резултат 3:1 во вториот сет, мечот беше прекинат поради правилото за екстремна жештина. На „Род Лејвер арената“ потоа беше навлечен покривот, Италијанецот се одмори и успеа целосно да се врати во мечот.

Што е правилото за екстремна жештина?
Наместо едноставно мерење на температурата, системот на Австралија опен зема предвид повеќе фактори во реално време: температурата на воздухот, влажноста, интензитетот на сончевото зрачење и брзината на ветерот. Мерењата се вршат непосредно покрај терените, а резултатот се прикажува преку скала од 1 до 5, која одредува како турнирот функционира тој ден. На овој меч индикаторот го покажа бројот 5, што значеше прекин на мечот и навлекување на покривот.

По продолжувањето, Италијанецот брзо го врати брејкот и го освои тој сет со 6:3.

Во третиот сет, кој траеше најдолго – еден час и 16 минути, Спицири повторно прв му го одзеде сервисот на ривалот, но уште еднаш вториот носител на турнирот се извлече и со два брејка стигна до водство во сетови, освојувајќи го овој сет со 6:4.

Истото сценарио се повтори и во четвртиот сет. Спицири прв зададе удар, Синер се врати и направи решавачки брејк при резултат 3:3, а потоа лесно го приведе мечот кон крај за конечна победа од 3:1 во дуел кој траеше три часа и 44 минути.

Италијанецот во осминафиналето ќе игра против својот сонародник Лучано Дардери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...