Повеќе грчки медиуми објавија наводна пресуда од Апелацискиот суд во Кожани со која се поништува неговата регистрација. Јоргос Пападакис од македонската партија во Грција, „Виножито“, кој е и еден од основачите на Центарот, за Канал 5 потврди дека пресуда има, но тие се уште официјално ја немаат добиено.
Пападакис не сакаше да коментира се додека не ја прочитаат пресудата, а понатамошните чекори вели ќе се знаат по консултатициите со нивниот адвокат. Пресудата не успеавме да ја најдеме на веб страницата на судот во Кожани, но се обидовме директно да побараме одговори од институцијата, од каде очигледно не беа подготвени да одговорат на нашите прашања.
Од македонското МНР велат дека немаат добиено информација за ваква одлука на грчкиот суд ниту од тамошните власти, ниту од Центарот за македонски јазик.
МНР и нашите ДКП-а во Грција не се информирани од страна на грчките власти за Одлуката на Судот. Информација за ваква одлука на Грчкиот Апелациски суд не е добиена ниту од Центарот за македонски јазик во Лерин кој е невладина организација во Грција. Министерството ќе ја следи постапката во рамките на своите надлежности, изјавија од МНР за Канал 5.
Центарот за македонски јазик беше регистриран пред две години на 27 јули 2022 година, и година и половина беше првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик. Ваквиот чекор тогаш беше поздравен и протолкуван како признавање на македонскиот јазик од Грција.
Иако судот во Лерин лани ги отфрли сите тужби од неколку грчки ултранационалистички организации и мали партии и ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација, сепак грчка Апелација постапувала по приговор на јавниот обвинител од Лерин за укинување на првостепеното судско решение со кое се основа ова невладино здружение на Македонците во Грција. Јавната обвинителка Анастасија Калаици тогаш се повикала на нејзиното толкување на Преспанскиот договор дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на Македонија, пренесува ТВ Канал 5.