Вчера официјално беше соопштено дека следните две финалиња од Конференциската лига на УЕФА ќе се одиграат во Атина и Вроцлав. Грчкиот и полскиот град ќе бидат домаќини на завршниот меч од најновото натпреварување во европскиот клупски фудбал.
Последното финале се одигра во Прага и му припадна на Вест Хем, додека првиот историски трофеј во Конференциската лига ѝ припадна на Рома, предводена од Португалецот Жозе Мурињо. Финалето во 2024 година ќе се одигра на стадионот на АЕК, „Агиа Софија“, а следната година домаќин ќе биде „Вроцлав Арената“, каде настапува тимот на Сласк.
Стадионот на АЕК Атина има капацитет од 31.000 поестители, додека полскиот стадион може да нагости 45.000 гледачи. УЕФА на овој начин го „послуша“ гласот на навивачите кои сакаа финалните натпревари од Конференциската лига да се играат и на помали стадиони, со што повеќе градови би ја добиле можноста за организација на престижните дуели. Ќе продолжи и тенденцијата да се доделува организација на стадиони кои можат да примат и помалку од 20.000 посетители.
Од УЕФА исто така изјавија и дека финалето од Лигата на шампионите во женска конкуренција (сезона 2024/25), ќе се одигра на стадионот на Спортинг Лисабон во Португалија.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]