ГРУЗИСКАТА ВЛАДА ГО ПОВЛЕЧЕ СПОРНИОТ ЗАКОН ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ ПО ДВА ДЕНА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ

Date:

Владејачката партија во Грузија објави дека го повлекува контроверзниот предлог-закон за странски агенти, што следува по две ноќи насилни протести против она што демонстрантите го опишаа како авторитарна промена инспирирана од Русија. Партијата Грузиски сон кажа дека безусловно го повлекува законот, со цел да се намалат конфронтации во општеството, при што ги осуди „лагите за законот што ги ширеше радикалната опозиција“.

Со овој закон, сите грузиски организации кои примаат повеќе од 20% од своите средства од странство би биле означени како странски агенти или би се соочиле со казни. Грузиски сон претходно кажа дека овој закон е неопходен за да се демаскираат критичарите на Грузиската православна црква, која е една од најмоќните институции во земјата.

Делегацијата на Европската Унија во Грузија ја пофали одлуката за повлекување на законот и ги охрабри сите политички лидери во земјата да продолжат со проевропските реформи.

Грузискиот парламент завчера му даде првична поддршка на предлог-законот, при што десетици илјади демонстранти се собраа пред парламентот. Тие се судрија со полицијата, која беше гаѓана со камења, шишиња и бензински бомби. Полицијата возврати со солзавец, шок-бомби и водени топови и уапси 77 луѓе.

Меѓу противниците на законот беше и претседателката Саломе Зурабишвили, додека владата кажа дека тој бил моделиран според американските закони за странски агенти, кои се на сила од 1930-ите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...