Груевски вели, многумина стравуваат од негово враќање во Македонија

Date:

Поранешниот премиер Никола Груевски оценува дека многу луѓе во Македонија се плашат од негово враќање во земјава.

Во интервју за српскиот весник „Политика“, Груевски изјави дека актуелната гарнитура се ангажира за тој да не се врати, што според него, се базира на приватни интереси и страв, но не наведе имиња.

Обвинувајќи го поранешниот премиер Зоран Заев за уништување на државата, Груевски рече дека негов најголем сојузник во моментов е актуелниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За жал, Мицкоски наместо да се бори да го победи Заев на политичката сцена и да помогне да се запре неправдата што ми беше направена мене и на моите поранешни колеги преку политички прогон, тој му стана најголем сојузник на оној што го создаде и диктираше тој политички прогон. Заев ѝ нанесе непроценлива штета на Македонија, особено неговите ставови за националните прашања“, вели Груевски.

Во однос на кривичните гонења, обвиненија и казни, поранешниот премиер, кој во моментов е во Будимпешта, вели дека најголема улога и влијание во нив има неговиот наследник Заев.

„Политичкиот прогон против мене продолжува со ист интензитет како и во последните шест-седум години. Зоран Заев продолжува да има најголемо влијание врз обвинителството, судот и медиумите кои неуморно се посветуваат на прогонување на мене и моите поранешни соработници“, додава Груевски.

Зборувајќи за уставните амандмани за внес на Бугарите, Груевски изјави дека тоа е најмало прашање затоа што потоа ќе има многу покомплицирани барања поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Изјавите на Груевски во медиумите се актуелни главно по протечените тврдења дека одредени функционери од земјава преговараат за негова амнестија и враќање. Груевски неколкупати ги отфрли овие тврдења, објаснувајќи дека засега не планира да се враќа, сè додека, како што вели, продолжува политичкиот прогон против него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...