ГРК Охрид со стил до титулата во ЕХФ Европскиот Куп

Date:

ГРК Охрид е новиот првак во ЕХФ Европскиот Куп. Охриѓани успеаја да испишат историја и да дојдат до првиот европски пехар, откако и во реванш финалниот меч против Татабања на домашен терен славеа со 31-25(12-11). ГРК Охрид ја има најубавата спортска приказна оваа сезона во Македонија. 

Момците на Борис Ројевиќ играа пред полни трибини и одлична атмосфера во СЦ „Билјанини Извори“. ГРК Охрид е вториот македонски тим кој успеа да го освои пехарот после Алкалоид, кој беше на тронот минатата сезона. 

Пилиповиќ со втората одбрана не дозволи Татабања при 2-3 да поведе со плус два. После неколку нереализирани напади на двете страни, ГРК Охрид успеа да го сврти мечот и да поведе со плус три 7-4 во 14-тата минута. Андо влезе во серија на одбрани, но неговиот тим не го користеше тоа. ГРК Охрид имаше и 8-5, со тоа што пропушти шанса да поведе со поголема разлика. Гостите со серија од 4-0 го запишаа второто водство на мечот (8-9) во 23-та минута. Ова беше период во кој Прибетиќ доби две минути исклучување, а Иванковиќ заработи директен црвен картон, додека Андо царуваше.

Пилиповиќ влезе во ритам, но неговите момци не го користеа тоа максимално, но најважно неговиот тим го врати водството (12-10). На одморот резултатот беше 12-11.

Одличен старт на македонскиот тим на стартот на второто полувреме, серија од 5-1 за водство од 17-12 во 35 минута. Четири минути подоцна, со голот на Јасухира, охриѓани дојдоа до нови плус пет (20-15). Татабања на средината на вториот дел успеа да дојде на негатива од два гола (22-20). Охриѓани на почеокот на 50-та минутаостанаа со двајца играчи помалку, но тоа не го промени текот на мечот, бидејќи дојдоа на плус четири гола, позитива која го отвараше патот кон пехарот. Потврдата дека ова ќе биде долга и историја вечер за охриѓани дојде во 54. минута, Јагуриновски зголеми на 28-24, нешто подоцна најефикасниот Јасухира продолжи да биде безгрешен од седум метри. Татабања не најде начин како да се врати на оваа средба, веќе на три минути до крајот се славеше големиот успех.

Пилиповиќ запиша 13 одбрани, Јасухира беше убедливо најдобар со девет гола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...