Грипот во комбинација со другите сезонски вируси коси во државата. После новогодишните и божиќните празници секојдневно се зголемува бројот на пациенти, а во моментов десеттина пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна во Скопје, а една пациентка со потешка здравствена состојба е префрлена од Пулмологија на Инфективна.
И покрај загриженоста, со почетокот на втората половина од учебната година не се очекува зголемување на бројот на заболени од грип и нема простор за паника.
И понатаму остануваат препораките да се вакцинираат сите ранливи групи граѓани, почнувајќи од бебиња од 6 месеци до 5 години, возрасните над 65 години, трудници и здравствени работници. Според надлежните, вакцинацијата е најсигурниот начин да се запре ширењето на вирусот.
Инаку, последните неделни податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во втората недела од Новата 2024 година, од 8 до 14 јануари, во земјава се пријавени 1.182 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 15,53 проценти повеќе во споредба со првата седмица од Јануари.
За последните три недели од сезонски грип починале 6 лица кои биле потешко болни, хоспитализирани, но кои што истовремено боледувале и од други хронични заболувања. Пикот на сезонскиот грип се очекува до крајот на јануари, а Институтот за јавно здравје за оваа сезона досега регистрира вкупно 3.500 лица со грип. Комисијата за заразни болести исто така препорачува во училиштата да се одржува лична хигиена, а училниците почесто да се проветруваат.