ГРИЗ, ФЕФЕРОНИ, ЛУТЕНИЦА, СИРЕЊЕ И УРДА СЕ НА СПИСОКОТ НА ЛУКСУЗ Дали граѓаните да јадат леб и сол?

Date:

Владата на ДУИ и СДС пак ги мами и ограбува граѓаните. Под превезот ДДВ за луксузни производи, поскапува и производи кои се дел од секојдневната потрошувачка кошница на просечните, па и на посиромашните граѓани. Целта е јасна, да се полни буџетот на сметка на џебот и стандардот на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на одлуката на производи кои ќе се даноат со ДДВ од 10%..

„Владата ја објави по долго криење листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5% и на неа се најдоа производи како замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли, храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видови бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова ли се луксузните производи за кои говореше владата кога го менуваше законот за ДДВ? Ако овие се луксузните производи, тогаш Владата им порачува на граѓаните да јадат леб и сол“, се вели во реакцијата.

Опозициската партија смета дека со оваа овоја список на производи, кој патем власта ја криеше дури се носеа измените на законот за ДДВ, се дотолчува и онака уништениот стандард на народот.

„Оваа листа власта мора веднаш да ја корегира и да ги тргне овие производи од листата на продукти за кои ќе се плаќа 10, наместо 5%. Оваа неспособна и алчна власт мора да си замине, бидејќи народот тоа премногу скапо го чини“, се наведува во реакцијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...