ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ

Date:

Граѓаните и компаниите во февруари дополнително се задолжиле кај банките за повеќе од 87,7 милиони евра во однос на претходниот месец. Тие заедно им должат на банките 8,121 милијарда евра. Долгот на граѓаните порасна на 4,09 милијарди евра, додека корпоративниот сектор должи 3,98 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците од последниот извештај на Народната банка.

Во однос на претходниот месец, податоците покажуваат дека поголем придонес за вкупниот растот на кредитите има корпоративниот сектор. Кредитите на корпоративниот сектор бележат месечен и годишен раст од 1,5% односно 14,3%. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.

Кредитите на домаќинствата бележат месечно и годишно зголемување од 0,7% односно 8,9%. Промената кај двете основи се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Според податоците, граѓаните најмногу се задолжуваат за купување станови. Во февруари овие кредити имаа раст од 1,2% во однос на јануари, но дури 13,3% во однос на февруари лани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...