Граѓаните едвај закажуваат за промена на документи, слободни термини од почетокот на октомври

Date:

Промената на документите на граѓаните (пасоши, лични карти и др.) освен што ги чини пари, бидејќи се на нивни трошок, предизвикува нервози и ги чини трошење нерви, бидејќи многумина се жалат дека имале тешкотии при закажувањето на термин за вадење нов документ.

Телефонските линии се недостапни, а додека пак страницата за закажување често е надовор од функција.

Според податоците добиени од економскиот оператор кој што за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, за аплицирање за лични документи во Скопје првиот слободен термин е во почетокот на октомври.

Напоменуваме дека, доколку граѓаните имаат итна потреба од документи, постои итна постапка преку која може веднаш да се добијат бараните документи. За другите градови, има слободни термини и во август. МВР максимално искористувајќи ги сите капацитети, работејќи и за викенди и за празници, ги презема сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи, додаваат од МВР.

Граѓаните можат да закажат термин телефонски, но и електронски преку сајтот на МВР, но и преку порталот uslugi.gov.mk.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...