ГРАДОТ АЛЕКСАНДРИЈА ГО НОСИ ИМЕТО НА АЛЕКСАДАР МАКЕДОНСКИ (64)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН.I ДЕЛ

Текот на историјата направи Александрија да добива се повеќе меѓународен карактер. На почетокот, покрај Египќаните од селото Ракот од кои многумина не беа Елини, туку Евреи и други странци, беа привлечени од големата корист и од задоволствата на големиот град. Меѓутоа, мора да се признае дека Александар Македонски го оформи градот до Ракот како чист антички полис, со свој конзул и народно собрание.

Додека Александар Македонски сé уште се наоѓаше на брегот, неговиот адмирал Хегелох допатува со многу важна новост, информирајќи го дека флотата повторно ја презеде власта во Егејот и дека по уништувањето на персиската флота, островите Тенедос, Лезбос, Киос и Кос повторно се освоени. Сега тој донесе решение од кое може да се види неговиот однос спрема Коринтската лига.

Околу една година пред тоа, во документот што е зачуван според договорите кои беа во сила, со оглед на победата над Хиос, фатените предавници треба да бидат донесени пред Федералниот совет како редовен суд на Лигата, како што порано Федералниот суд ги извршуваше казните над Тебанците.

Наспроти тоа, кога Хегелог ги донесе фатените предавници од Хиос, Александар Македонски не ги испрати пред Федералниот совет, туку според казната што тој сам ја изрече, тие беа пренесени во Елефантин, најјужниот град на Египет над Првиот катаракт.

Ова го оправдува заклучокот дека во меѓувреме тој стекнал послободна позиција во Елинистичката лига, па сега му го оспори правото на Федералниот совет што му беше признато пред една година.

Ако се испита психолошката основа на ваквата измена, ќе се констатира дека неговите големи успеси во меѓувреме – окупацијата на Египет и Сирија, разбивањето на персиската флота и преземањето контрола над морето – мора многу да му го зголемиле неговото чувство на моќ.

Можеби не беше доволно да му направи впечаток на кралот, кој беше само на дваесет и четири годишна возраст, само тоа дека им станал Бог на овие многумилионски Египќани. Во оваа земја на силно чувство, додека беше на брегот го опфатија мисли за иднината и посака да се консултира со пророкот Амон во оазата. Ова мистериозно патување до пророкот Амон во оазата Сивах е една од најзабележливите епизоди во животот на Александар Македонски.

Фараонот Александар Македонски

Таа разнородна панорама тешко може да ја поттикне имагинацијата на современиците, на подоцнежните генерации и на модерниот свет, зошто Александар Македонски го презел токму овој марш низ пустината.

Кога ќе се земе предвид дека во корист на Александар Македонски беше што е можно поскоро да го сретне Дариј, за чии војнички подготовки несомнено целосно беше известен, јасно е дека постоел силен мотив што го натерал да го преземе ова оддалечување кон запад, оддалечување целосно некорисно и повеќе опасно од воена гледна точка што го одвои шест недели од неговата египетска база.

Таа е една од оние акции на Александар Македонски кои се јасни само ако се земе предвид неговиот религиозен внатрешен живот и нерационалните и необјасниви елементи на неговиот карактер. Аријан, исто така, го употребува истиот израз: „носталгијата” го натера да се советува со пророштвото Амон.

Всушност, тоа беше потреба што Александар ја чувствуваше внатре во своjaja душа да го слушне пророкот кој ќе му ја каже иднината пред судирот со Дариj.

За да се разбере тоа, треба да се сфати дека Александар Македонски беше син на своето време и им придаваше најголема важност на пророштвата и на божјите лоши предзнаци изразени во соништа, во летање на птици, или во други природни процеси.

Но зошто тој отиде посебно во Амон? Немаше ништо заедничко со неговата положба како фараон. Ниеден фараон немал направено аџилак до оазата. Тој не им обрнуваше внимание на египетските потчинети кога го направи тоа.

Доколку сакаше да слушне египетско пророштво, имаше многу богови во Египет со кои можеше да се консултира. Неговиот аџилак до Амон предизвика силен впечаток, кој Египќаните, бидејќи поради ова и со поднесувањето жртва на Апис, Александар Македонски се прикажа како противник на лошиот Камбис.

Преданието вели дека Камбис еднаш испратил експедиција со цел да го уништи пророштвото, но експедицијата била уништена од песочната бура. Александар Македонски не го организирал ова патување едноставно да направи антиперсиска демонстрација. Тоа беше како да се посетува Господ, бидејќи пророкот беше сметан за непогрешлив во античкиот свет.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...