Го легитимирале поради сообраќајка, но откриле дека криумчари мигранти од Кина

Date:

Вчера на автопатот Демир Капија – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за гранични провери и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го уапсиле од слобода Т.П.(38) од Скопје поради криумчање на мигранти.

Имено во возилото што го возел Т.П. било утврдено дека тој криумчарел мигранти од Кина. До ваквото открие се дошло откако во 13:10 часот во близина на клучката Миравци се случила сообраќајка помеѓу “цитроен берлинго“ со велешки таблици управувано од Р.Д.(70) и патничко возило „опел астра“ со скопски таблици, управувано од Т.П.

Откако се случила сообраќајката и по здобиените повреди на двајцата возачи и сопатникот на Р.Д. од возилото излегле мигрантите. Учесниците во сообраќајката веднаш биле пренесени во Општата болница во Гевгелија каде им биле констатирани повреди, додека кај мигрантите било констатирано дека тие илегално се влезени во државава.

Т.П. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...