Легендарниот режисер Квентин Тарантино наводно ѝ платил на вработена во стриптиз клуб неверојатни 10.000 долари за да ѝ ги лиже стапалата…
Славниот Оскаровец веќе долго време го бие глас дека е опседнат со стапала, а ваквите наводи се само уште едни во низата докази дека тие работи не се измислени. Наводите во јавноста ги изнел член од вработените во стриптиз клубот „Crazy Girls“ којшто бил сведок на бизарната сцена.
Вработениот во холивудскиот ноќен локал „Crazy Girls“ тврдењето го изнел во поткастот „Get in the Car“, но не прецизирал кога точно настанот се случил. Тој додал и дека фетишот на Тарантино на интеракција со неидентификувана жена го гледал од љубопитност на CNN монитори.
Тој се присетил на моментот кога Квентин Тарантино го посетил клубот, побарал ВИП соба со стриптизерката со најголеми гради и најголем задник.
Стапалата се единствено што го интересирало?
„Тој седи, таа се обидува да го извади градникот. И тој станува, ја фрла на столот, ѝ ги соблекува чизмите, една по една, потоа чорапите и почнува да го лиже долниот дел од стапалата и да ѝ ги цица прстите“, изјавил мажот додавајќи дека Тарантино со акцијата престанал по 30 минути.
„Нејзините стапала изгледаа како… Знаете кога долго време сте во купка? Како суви сливи. Мислам дека ѝ даде 10.000 долари“, додал тој.
Инаку, филмовите на Тарантино често содржат крупен кадар од човекови стапала поради што режисерот е окарактеризиран како да има фетиш на стапала.
Поради тоа во 2021 година во интервју за „GQ“ тој изјавил: „Во многу од добрите режисерски филмови се прикажуваат многу стапала. Пред мене, некој којшто го дефинирал фетишот на стапала бил Луис Бунјуел, уште еден режисер. И Хичкок беше обвинет за тоа, а и Софија Копола“.