Гоце Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец

Date:

На трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.

„Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети , при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.

„Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец“, дециден е Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев потенцираше да се запрашаат Бугарите каков е тој парадокс тоа да Гоце пишал Бугарин па го чкртнал па пишал Македонец. Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...

Елмас ќе игра во шпанската Ла Лига

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, до крајот на актуелната...

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ИЗМАМА СО ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА Компанија од Скопје го оштетила државниот буџет за милиони

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното...