Готови измените на Изборниот законик, партиите имаат рок за забелешки до 24 октомври

Date:

Измените на Изборниот законик се веќе доставени до партиите и до членовите на работните тела.

Можност на претстојните претседателски и парламентарни избори да се гласа и со истечени докумети за лична идентификација, поради законскиот рок за нивна замена со новото уставно име до февруари идната година е меѓу клучните промени содржани во предлог-измените на Изборниот законик, вели првиот човек на работната група Александар Новаковски.

Додава дека иземните се однесуваат само на забелешките од ОБСЕ/ОДИХР и ќе важат од изборите догодина.

Измените на Изборниот законик како што информираат од Правда се веќе доставени до партиите и до членовите на работното тело, а во текот на денешниот ден ќе бидат доставени и до ВМРО-ДПМНЕ, единствента партија која нема свој претсавник во групата.

Рокот до кој ќе можат да дадат свои предлози и забелешки, истекува на 24-ти октомври. Првиот човек на работната група Новаковски не очекува голем број забелешки од опоизициската партија бидејќи отаму во неколку наврати изразиле подготвеност да ги поддржат измени поврзани со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

Во меѓувреме, иако и Ковечевски и Мицкоски се изјаснија дека и за двајцата е прифатливо, наместо на лидерска датуимите за избори и дали тие ќе бидат споени или одвоени да ги договараат партиски тимови, засега нема конкретна најава кога истите би се формирале.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...