Австралискиот селектор Брајан Горџијан ќе остане на клупата до крајот на Олимписките игри во Париз следната година.

Австралија учеството на Мундијалот го заврши на 10. место и пласман на Игрите обезбедија откако завршија пред Нов Зеланд за пополнување на квотата за Океанија.

Извршниот директор на Австралиската федерација Мет Скривен потврди дека Горџијан ќе ги води Австралијците на Олимпијадата во Париз.

„Тој е под договор до Париз и нашата доверба во него е несомнена“, изјави Скривен.

Австралијците на Олимписките игри во Токио пред две години го освоија првиот медал во историјата, а во мечот за третото место ја совладаа Словенија.