Рок легендата на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23 март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар”Јане Сандански”.

Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната ексју рок група Бијело Дугме, а само еден ден после неговиот роденден, Горан Бреговиќ ја прифати нашата понуда да со својот ” Оркестар за свадби и погреби” одржи голем славенички концерт.

Ова е уникатна шанса за сите негови фанови во една вечер да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера!

Важно, Бреговиќ порачува, „не носете подароци, Вие сте мојот најголем Роденденски подарок. Дојдете во што поголем број Ви ветувам невероватен спектакл “Ко не полуди, није нормалан”, порачува Бреговиќ.