Шумски пожар предизвикува уништување и хаос на југот на американската сојузна држава Калифорнија. Првично малиот пожар во областа Пасифик Палисејдс се претвори во огнен пекол за неколку часа поради силните ветрови.
Шумски пожар беснее низ богат дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад што прекриле голем дел од градот.
Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што пристигнаа по долга суша.
„Околу 20:30 часот, жена пожарникар (25) се здобила со сериозна повреда на главата. На местото на настанот и била укажана лекарска помош и е пренесена во локална болница“, напиша капетанот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот на платформата X, објави Си-Ен-Ен.
Тој не кажа дали пожарникарката работела на гаснење на пожарите во предградието на Лос Анџелес, Пацифик Палисадес, или во Итон во Алтадена, кои беснеат во исто време.
Сведоците пријавија голем број на куќи запалени, кои за малку ќе ги изгореа нивните автомобили додека бегаа од ридовите на кањонот Топанга додека пожарот се прошири кон Тихиот Океан.
Новинарот на CBS Џонатан Виљоти објави дека пожарникарите повеќе не се обидуваат да ги спасат структурите, туку само се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.