Голем интерес за изложбата на Михаил Корубин во Скопје, Чифте амам преполн со пријатели на уметникот

Date:

Пред многу пријатели и почитувачи на неговите дела, уметникот Михаил Корубин сношти во Чифте амам ја отвори изложбата „Визуелна артикулација“, во рамките на Скопско лето.

– Претставени се 13 дела, масло на платно, за кои се надевам дека ќе ви се допаднат – рече Корубин на изложбата. Уметникот се заблагодари на соработката на Дита Ставрова – Ќерими, директорка на Чифте амам, и на Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура и уметност, кои ја отворија изложбата заедно со него.

Никола Глигоров рече дека му е драго што Скопско лето догодина ќе слави јубилеј, 45 години.

Изложбата разбуди голем интерес кај скопјани. Уникатните дела на Корубин носат и впечатливи наслови: „Есенција“, „Тајна“, „Смелост“, „Слобода“, „Поглед“, „Копнеж“, „Будење“…Секој од гостите си го наоѓаше својот фаворит, а многумина се фотографираа пред сликите.

– Секојдневно гледаме по стотици ликови, но сепак ќе се појави некој лик што ќе ве изненади, натажи, воодушеви или насмее. Фасцинантно е колку сме генетски исти, а сепак толку различни. Нос, уста, очи, веѓи – вели Корубин за своите дела.

На изложбата, во друштво на својата мајка Светлана која дојде од Битола, беше сопругата на Корубин, поп-ѕвездата Каролина Гочева.

Дел од гостите беа музичарот Слаткаристика со сопругата Сања Николиќ, поп-ѕвездата Тамара Тодевска со децата, диџејот Зоки Бејбе, моделот Катарина Ивановска, актерката Амернис Нокшиќи, сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, семејството на Михаил Корубин и пријатели од светот на уметноста.

Михаил Корубин е роден во Скопје во 1986 година. Тој е третата генерација визуелни уметници во неговото семејство. Син е на Рубенс и Лиле Корубин, а внук на Миле Корубин. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, а магистрирал сликарство на истиот факултет во класата на професор Благоја Маневски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...