Голем интерес за запознавање на културното наследство, најпосетен Музејот на вода

Date:

Голем интерес за посета на локалитетите и објектите под надлежност на НУ Завод и Музеј Охрид за Светскиот ден на културното наследство кога влезот беше бесплатен.

Директорката на установата, Катерина Велкоска вели од локалитетите најпосетен бил Музејот на вода-Градиште со 230 посетители. 119 посетители биле забележани во Музеј Куќата на Робевци, а зголемен бил и бројот на посетители на Самоилова тврдина со 170 посетители и Галеријата на икони – 52 посетители.

На наше големо задоволство беше покажан огромен интерес, како и знаење на посетителите за историјатот и значењето на одредени експонати и локалитети, што овозможи презентација на културното наследство на едно повисоко ниво. Исто така, на наше големо задоволство беше зголемен и бројот на домашни туристи од помладите генерации кои ја искористија оваа прилика да се запознаат со дел од значајното културно наследство со кое располага нашиот град, вели Велкоска.

Во однос на работата на локалитетите под надлежност на установата, за време на Велигденските празници, потенцира Велкоска, првиот ден Велигден бил неработен, додека понеделник е неработен ден за подружниците на Установата согласно одлука на Управниот одбор на истата.

Организацијата на работното време на локалитетите и музеите под надлежност на нашата установа за време на летниот период ќе биде врз основа на донесени одлуки од претходните години кои ќе бидат применети и оваа сезона, а истите се достапни на нашата веб страна, потенцира.

Во тек е, вели Велкоска, реализација на поголем дел од проектите предвидени со Годишната програма на установата, како и одредени вонпрограмски активности.

Од нив како позначајни се замената на дрвената конструкција на Античкиот театар, изработка на елаборати за ревалоризација на поголем број поединечни заштитни културни добра, изведување на конзерваторски зафати во црквата Св. Богородица Болничка, а предвидена е и санација на споменици и спомен обележја од НОБ на територијата на Општина Дебрца, за што беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу НУ Завод и Музеј Охрид и Општина Дебрца,  додава Велкоска.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...