Големи поплави во делови од Австралија, се евакуира населението

Date:

Австралиската полиција ги повика жителите на градот Бурктаун во северниот дел на Квинсленд да се евакуираат поради големите поплави во регионот, по неколкудневните обилни врнежи.

Поплавите во Бурктаун, во заливот Карпентарија, се најлоши досега, со нивоа на реки што ја надминаа фазата на поплава од 6,78 метри измерена во март 2011 година, според Бирото за метеорологија на австралиската влада.

Заедница во северозападниот дел на Квинсленд е без струја, а канализациските системи во градот се загрозени, објави телевизијата ABC, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Квинсленд. Не е безбедно да се остане, се вели во соопштението. Според извештајот, околу половина од 150-те жители на оддалечениот град веќе се евакуирани, а погодени се и други области.

Поплавите дојдоа откако во областа во последните 48 часа наврнаа до 65 милиметри дожд. Дополнителни врнежи и грмежи се предвидуваат денеска, иако врнежите главно престануваат во областа, соопшти метеоролошката агенција.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...