Големиот шумски пожар кај Пехчево тешко ќе се стави под контрола велат надлежните

Date:

Центарот за управување со кризи доцна синоќа одржа кризен штаб за пожарот кој повторно изби над Пехчево на кој договорено е од рано утрово на терен од воздух да се дејствува со два полициски хеликоптери.

За таа намена поставен е специјален базен со вода на стадионот во Пехчево, а вода ќе се полни и од базен со вода на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници.

Градоначалникот Александар Китански вели дека пожарот кај Пехчево e толку силен што не верува дека наскоро може да биде ставен под контрола. Но, денеска таму дејствуваат два хеликоптера што, според него, дава позитивни резултати.

Состојбата на терен е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Китански, опишувајќи го шумскиот пожар што од вчера беснее во близина на градот.

Според него, ова е многу полош пожар од оној што гореше до пред неколку дена.

„Сега е полошо. На терен гори високостеблеста борова шума од која се издигаат високи пламени јазици. Теренот е многу непристапен, не можат да се движат ниту возила ниту луѓе. Дува силен ветер поволен за разгорување на огнот“, вели Китански.

Градоначалникот смета дека на таков терен може да се дејствува единствено од воздух.

„Само поддршка од воздух е потребна за да се скроти огнот, луѓе не смеат да се пуштат за да не се случи катастрофа. Од 7 часот денеска наутро дејствуваат два хеликоптера и има позитивни резултати“, додава тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...