Со децении и децении учебната година за основнците и средношколците завршуваше на 10 јуни. Од 2024 тоа нема да биде така. Последниот училишен ден ќе биде на 17 јуни.

Таква одлука донесе Владата по предлогот на Министерството за образование. За возврат на продолжените седум дена, учениците ќе имаат пролетен распуст – тој ќе трае од 29 април до 5 мај.

Според одлуката, почетокот на учебната година останува 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор. Почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година.