Голема акција на МВР, уапсени три лица кои учествувале во ИСИС

Date:

МВР лиши од слобода три лица кои според информациите на ресорното министерство на територија на Сирија се вклучиле во редовите на терористичката организација ИСИС.

Двајца од нив утрово се уапсени во земјава а третото лице кое исто така е македонски државјанин било лишено од слобода на територија на Франција. Акцијата е правена во соработка со Агенцијата за национална безбедност но и во соработка со француските служби по претходно издадена меѓународна потерница од Македонија посочија и денеска од МВР.

Лицата активно како борци учествувале во воените дејствија за целите на ИСИС во 2014-та, а сите материјали се предадени во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од каде велат дека повеќе информации ќе имаат во текот на наредните денови. До трите лица е поднесена кривична пријава за кривично дело служба во непријателска војска.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...