Големата кашлица и натаму е присутна, засега епидемија е прогласена во Скопје и Куманово

Date:

Во Скопје и натаму е во сила епидемијата на голема кашлица, а од вчера е прогласена епидемија и во Куманово. Од Центарот за јавно здравје на Скопје информираат дека од почетокот на годинава во главниот град потврдени се 312 случаи на болеста пертусис. Во Куманово алармот беше кренат кога беше соопштено дека се потврдени 23 случаи на голема кашлица.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ потврдува дека во Куманово е прогласена епидемија затоа што има зголемување на бројот случаи.

„Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба ќе бидат препорачани и дополнителни мерки“, вели Мехмедовиќ.

Во однос на грипот и сличните респираторни заболувања Мехмедовиќ вели дека бројот на заболени е во опаѓање и дека состојбите не се загрижувачки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...