Универзитетот Артус во Данска неодамна објави интересно истражување.
Како што пренесува Сајенс дејли, оваа студија сугерира дека набљудувањето фотографии за храна може да го намали апетитот.
Според истражувањето, учесниците кои биле изложени на истата фотографија за храна 30 пати навеле дека имале засилено чувство на ситост во споредба со оние кои поретко ја гледале фотографијата.
Како што пишува Сајенс дејли, оваа појава во рамки на истражувања на мозокот е објаснета како таканаречена теорија на втемелено сознание. Имено, кога ќе замислите како јадете одредена храна, подрачја во вашиот мозок кои се активираат се истите како оние кои се активираат кога навистина ја јадете таа храна.
Значи, според ова истражување, вашиот мозок верува дека сте го изеле оној хамбургер чија слика сте ја погледнале токму 30 пати.
Овие откритија отвораат за нови стратегии за контрола на прејадувањето и контролирањето на телесната тежина.