ГЕРМАНИЈА ПЛАНИРА ДА ЈА УДВОИ КВОТАТА ЗА ПРИЕМ НА НЕКВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

Date:

Германските власти планираат да ја удвојат квотата за доселување на неквалификувани работници од Македонија и соседството, пишува во предлог-законот кој го има на увид германската новинска агенција ДПА, објави Дојче веле. Во иднина би требало да има до 50.000 доселеници повеќе. Станува збор за таканареченото „Западнобалканско правило“, кое овозможува повластен пристап до германскиот пазар на труд за државјани од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Според важечките закони, можно е доселување на стручна работна сила од цел свет. Единствено луѓето од Балканот можат да добијат работа и работна виза дури и ако работат вон струката или без стручни квалификации. Тоа правило беше воведено по првиот бран на бегалската криза во 2015 и 2016 година, бидејќи меѓу барателите на азил во Германија, покрај Сиријци беа и бројни државјани од Србија, БиХ и Косово. Идејата на германските власти беше луѓето од регионот, наместо безизгледно да бараат азил, да се обидат да најдат работа во Германија.

Тоа не е единствена измена во законот кој е во подготовка, со новини се планира спротивставување на „драматичниот недостиг од работна сила во бројни бранши“, вели ДПА.

Во промените спаѓа и т.н. „карта со шанси за барање работа“, односно можност луѓето едноставно да се доселат во Германија и дури тогаш, на лице место, да бараат работа. За тоа време имаат право да работат со половина работно време вон струката, за да заработат за живот. „Картата со шанси за барање работа” би требало да се доделува, според нов систем на бодирање, на секој кој ќе собере шест поени. Четири бода донесува одредена стручна квалификација, три бода носи добро познавање на германскиот јазик или три години работно искуство, два поени се добиваат ако лицето е помладо од 35 години, а еден ако порано барем шест месеци легално престојувало во Германија.

Германија ја мачат демографски промени и голем број испразнети работни места. Се смета дека е неопходно доселување на околу 400.000 луѓе годишно за да можат да функционираат економијата, здравството и негата на стари лица. Притоа, постојано со едно око се гледа на Западен Балкан, како и натаму баран резервоар на работна сила. Тоа пак ги продлабочува огромните демографски проблеми на Балканот, што потврдуваат и најновите пописи на населението.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...