Катлин Фолбиг позната како „мајката убиец“, австралијанката која пред 20 години беше обвиниета за смртта на своите четири деца првото починато било во 1989 година, а последното во 1999 година денес е на слобода.
Таа добила вкупно 40 години затворска казна за убиство. Тогашната истрага покажала дека смртта на првото дете е несраќа, смртта на второто дете предизвикало соменж кај обвинителите. Откако починале и третото и четвртото било пресудно дека Катлин е виновна. Но, во овој случај победи науката велат генетичарите. Македонскиот професор по генетика Тодор Арсов бил дел од тимот на истражувачи во Австралија кои докажаа дека децата имале генетско нарушување „Синдорм или нагло необјаснета смрт во детството“. Арсов во тоа време живеел и бил на австралискиот национален универзитет каде со професорката Карола Винуеса која денеска работи во Лондон Англија и биле повикани од адвокатскиот им на Фолбиг да најдат биолошко објаснување за смртта на децата. Професорите Арсов и Винуеса веќе работеле на таков случај каде истражувале скоро ист случај на смрт кај деца со семејство од Македонија.
„Проблематично на некој начин за судот и обвинителството е да разберат дека и смртниот исход кај некои од овие генетски болести е исто така валидна болест да кажаеме, која може да се повторува. Тоа нешто што била необјаснета смрт во семејството од рана детска возраст тој т.н синдорм за нагла смрт определен дел од овие семејстава имаат монгогенски болести кои се пренесуваат на предвидлив начин и го зголемуваат ризикот за болеста со смртен исход да се повторува“, вели проф.д-р Тодор Арсов Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
Арсов вели дека се почнало како една невозможна мисија. Тој секој ден бил во затворот во Сиднеј каде била Фолбиг со земање на биолошки материјали од неа, па потоа ги истражувал оставените анализи од четирите бебиња.
„Од нејзиниот геном можевме да бараме пристап до примероците од децата. За некои од починатите деца имаше биолошки материјал во смисол на замрзнато ткиво. Во Австралија многу години назад постои новороденички скриниг за наследни болести и се чуваат овие крвни дамки на филтер хартија. И ние од тие мали мали дамки со користење на новите технологии во генетиката да дојдеме до резултати“, обајснува Арсов за канал 5.
Но, ова не е прв случај, по многуте во минатото кога многу жени биле осудувани како „мајки убијци“. Арсов вели дека Катлин во целиот процес никогаш немала омрза кон никого. Тоа за него било дополнителен мотив да ја докаже нејзината правда со помош на науката. Таа денеска живее кај нејзината пријателка, која била единствена која и верувала дека таа не ги убила своите чеда. Сопругот и по пресудата не верува во сега докажната невиност и не ја контактирал. Ова медицинско истражување е објавено и во истражувањео „Scince“ со посебен акцент на истражувањето на доктор Арсов.