Гвинет Палтроу: Поранешниот претседател на САД заспа на премиерата на мојот филм, ‘рчеше

Date:

Актерката Гвинет Палтроу гостуваше во Hot Ones на Шон Еванс.

Во таа прилика ја прашал за гласините дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон заспал на премиерата на нејзиниот филм Ема, која се одржала во Белата куќа во 1996 година.

„Вистина е, тој ‘рчеше токму пред мене. Тогаш помислив: „Одлично, ова ќе биде хит филм, но на крајот тоа се случи, па нека се е*е Бил Клинтон“, рече Палтроу.

Комедијата Ема ја режираше Даглас Мекграт и е базирана на истоимениот роман на Џејн Остин од 1815 година. Главните улоги ги толкуваат Гвинет Палтроу, Алан Каминг, Тони Колет, Јуан Мекгрегор и Џереми Нортам. Гвинет ја игра Ема Вудхаус, млада Англичанка фокусирана на спојување на нејзините пријатели со романтични партнери.

Филмот беше хит на бокс офисот, со заработка од речиси 40 милиони долари ширум светот, иако буџетот за продукција беше под 8 милиони долари. Имаа и две номинации за Оскар – за костимографија и музика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...