ГАЛ ГАДОТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛА ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА ВО МОЗОКОТ

Date:

Израелската актерка Гал Гадот на Инстаграм објави дека имала згрутчување на крвта во мозокот за време на нејзината последна бременост. Таа вели дека била во осмиот месец од бременоста кога ја добила дијагнозата и дека нејзиното четврто дете се родило пред да биде подложена на итна операција во болница во Лос Анџелес.

„Во февруари ми беше дијагностицирано згрутчување на крвта по неколку недели измачувачки главоболки што ме кутнаа во кревет, додека конечно не направив магнетна резонанца која ја откри застрашувачката вистина. Во еден момент, моето семејство и јас се соочивме со тоа колку животот може да биде кревок. Побрзавме во болница и за неколку часа бев подложена на итна операција. Мојата ќерка Ори се роди во тој момент на неизвесност и страв“, кажа Гадот

Појаснувајќи дека името на нејзината ќерка значи „моја светлина“, таа кажа дека пред операцијата му рекла на својот сопруг: „Kога ќе дојде нашата ќерка, таа ќе биде светлината што ме чека на крајот од овој тунел“.

Ѕвездата на „Вондер Вуман“ вели дека сакаше да ја сподели својата приказна за да ги охрабри другите да ги слушаат нивните тела.

Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варсано се родители и на Алма (2011), Маја (2017 и Даниела (2021). Двојката е во брак од 2008.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...