Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Date:

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб се обидел да го доведе Никола Јокиќ и дека веќе му испратил сериозна понуда на трикратниот МВП на НБА.
Амбициите на атинскиот гигант очигледно немаат граници. Иако Јокиќ е под договор со Денвер Нагетс и неговото доаѓање во европската кошарка во моментов изгледа речиси незамисливо, Јанакопулос откри дека Панатинаикос веќе се обидел да направи сензација.
Сопственикот на „Зелените“ рече дека Јокиќ е неговата следна голема цел, и покрај фактот дека тимот е веќе исполнет со бројни ѕвезди на централната позиција, вклучувајќи ги Гершон Јабуселе, Матијас Лесор, Мустафа Фал…
„Играчот за кој сонувам, а сè уште не сум го потпишал, ќе го потпишам следната година. Проблемот е што веќе имам тројца играчи со тригодишни договори на таа позиција. Каде ќе игра? Размислував за тоа синоќа. Ги имаме Јабуселе, Лесор, Фал, фантастично. Каде ќе се вклопи? Тоа е Јокиќ. Најдобриот играч на светот“, изјави Јанакопулос за „Евроинсајдерс“. Иако неговата изјава за многумина звучеше како шега, Јанакопулос тврди дека понудата била сосема сериозна.
„Воопшто немојте да се смеете. Ако не го доведам Јокиќ, нема да одам никаде. Оваа година се обидов да дадам понуда. Јавете се на Мишко Ражнатовиќ и прашајте го. Луѓето ќе речат дека се шегувам, но оваа година дадов многу сериозна понуда, и до неговиот тим и до него. Беше одбиена“, рече првиот човек на Панатинаикос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...