ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Монографија за „Ѓорѓија-Џорџ АтанасоскиII издание“ (2015)), е издание на книгоиздателството „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, 2015, на 496, страници, е 46 дело кое го подготвив на македонски и англиски јазик.
Второто издание се појави по формирањето на фондацијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“, а е дело на Книгоиздателството „Македонска искра“, заедно со гласилото „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“. Тие заеднички ја издадоја монографијата посветена на неговиот живот и дело, чиј авторот е Славе Николовски – Катин. Рецензенти на оваа монографија се митрополитот Кирил, Марјан Ристев-ски, градоначалник на Прилеп и проф. д-р Вера Стојчевска–Антиќ.
Џорџ Атанасоски е еден од најуспешните македонски иселеници во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на највисокото американско општествено признание “Елис ајленд”, што го добиле високи личности од политиката, филмот, спотот и културата.
Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид, претставува осврт за ликот и делото на Џорџ Атанасоски. Со тоа авторот Славе Катин успеа да го овековечи овој познат и признат Македонец, преку кој се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.
Господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија. Во 2012 година го прослави своето шеесетто лето Господово на наговиот бурен живот, за кој со право се вели дека тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Тој во брак има четири сина кои успешно одат по неговите стапки.

Промоции и објави:
Второто издание е дополнето со повеќе материјали, меѓу кои за донаторството на Фудбалскиот клуб „Победа“ од Прикеп, а особено со промоциите на монографијата. Така, на 04 ноември 2012 година во организација на МПЦ „Света Мала Богородица“ од Детроит и Организацијата „Обединети македонски Американци“, се одржа една од најзначајните и најпосетените промоции во САД. Промотори на монографијата беа Методија А. Колоски, м-р Мајкл Симов и Џејсон Мико, почесен конзул на Република Македонија во САД.
На прославата на 40-те години на „Љубанските илинденски иселенички средби“ во 2014 година, беше промовирана и монографијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски-Второ издание“, а промотор беше проф .д-р Вера Стојчевска-Антиќ и авторот Славе Катин, а беше изве-ден и илинденски рецитал.
Исто така на 22.08.2018,година на Книжевната средба во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека Григор Прличев, во Охрид. На средбата , Свето Стефановски претстави дел од содржината на ” Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски “
Во порталот „Македонска нација“ во текот на 2018 година се објавени деветнаесет (19) продолженија од монографијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“,Бројни текстови од продолженијата се преземени и во „Македонско сонце’.
Исто така во порталот „Македонска нација“ во текот на 2023 година се објавени триесет (30) продолженија од монографијата. Истите текстови се преземени и во „Македонско сонце’ и во порталот на Матицата на иселениците од Македонија.
Во порталот „Мактел“ од Сиднеј, Австралија во 2023, 2024 и 2025 година се објавени четириесет (40) продолженија од монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“,а поголем број се објавени и во „Македонско сонце“.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





