Врховниот суд повторно ќе одлучува по жалбите за „Монструм“

Date:

Спорни биле и доказите и вештаците – осудените за петкратното убиство кај Смилковското езеро сакаат слобода и повторно судење. Првостепената осуда и одлуката на Апелација да се поништат бараат бранителите, бидејќи вештачењата на земјата, возилото, сите ДНК анализи понудени како докази на обвинителство биле нецелосни и збунувачки тврдеа адвокатите пред судечкиот совет на Врховниот суд.

  • Но, за жал, ни првостепениот суд немаше храброст и доблест да ја донесе таа одлука, а ниту второстепениот суд, ние очекуваме дека највисокиот суд нема да иде против заземениот став со пресудата, која е потенцирана од наша страна. Втор момент во врска со незаконитоста на тие докази, отворете го извештајот, кој е направен по барање на СЈО изработен од МВР во поглед на постоење или непостоење писмени валидни наредби издадени од истражен судија. Тоа е потенцирано во тој извештај, а сето тоа како одлука го има и Врховниот суд со одлука во која е потврдено дека докази прибавени на незаконит начин не може да бидат употребени во кривична постапка. Очекуваме една и единствена одлука, а тоа е да се укинат одлуките и предметот повторно да се врати на одлучување пред пониските судови“, рече адвокатот Алиспаиќ.

По пет години, адвокатите и осудените повторно дојдоа до шанса да се жалат пред последната судска инстанца. Инаку во 2017-та токму Врховниот суд им втора шанса на обвинетите, ги поништи првостепената и вторстепената пресуда и го врати предметот со образложување и насоки одново да се  изврши увид на возилото опел ,,Омега”.

На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци. Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Мртов беше пронајден и рибарот, 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Со првостепената пресуда и одлуката на Апелација, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ пукале во четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро, а Хаки и Фејзи Азири помогнале со логистиката, бегството и прикривањето на петкратното пукање. 

Тие беа осудени на доживотна казна затвор, но Врховниот суд веќе еднаш им ги прифати жалбите и судењето почна од почеток во 2017-та година. По повтореното судење, Кривичниот суд изрече три доживотни казни за бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, како и за Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Хаки Азири беше осуден за помагање за што доби единствена казна во траење од 9 години. Фејзи Аризи е осуден за помагање сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...