ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – III ДЕЛ
Неколкуте војни што Птолемејците ги водеа со Селеукидите за Сирија, освојувајќи ја Сирија со Палестина и Феникија, a no подолго време дури и пристаништето Ангиох,-Селеукија во Пиерија, беа сврзани со трговската политика којашто имаше различни мотиви.
Сирија беше извонредно значаен трговски регион, кој секогаш имаше особена важност за трговијата меѓу Исток и Запад. Овде беше крајната точка на карванскиот пат што водеше од Дура на реката Еуфрат по патот кај Палмира и Дамаск до Тир.
Тука, исто така, завршуваше патот кој водеше од Јужна Арабија, северно по должината на западниот морски брег на Арабија до важниот набатеански центар Петра, a оттука кон Газа, така што со освојувањето на Јужна Сирија Птолемејците испраќаа кон своите доминиони еден значаен дел од вредните зачини на Јужна Арабија.
Тие, исто така, тргуваа со окупираните делови на морскиот брег на Мала Азија, а извонредно важниот артикал за извоз што го произведуваше Киренајка, тие веднаш го монополизираа.
Медитеранската трговија беше значително изменета со доаѓањето на лигата на егејските острови под нивна заштита, се’ до нивниот пад како морска сила кога Родос го зазеде нивното место. Co ставање на морето под контрола Птолемејците исто така му сгавија крај на пиратството, следејќи го примерот на Александар Македонски, кој презеде мерки против пиратството веднаш штом стана господар на морето.
He војувајќи за контролата на Медитеранот, Птолемејците беа предодредени да го направат Црно Mope значајно за нивната трговија. Овде повторно тие го следеа примерот на Александар Македонски во отворањето на нови патишта на море и во проширувањето на знаењето за светот, иако она што тие го направија беше делумно реализирано од последното нивно заобиколување на Арабија.
Веројатно без да го знаат тоа, тие ги следеа чекорите на старите фараони, кои во зенитот на египетската историја во третиот, а исто така и во вториот милениум, ги испратија своите бродови до брегот на Сомалиската земја (Пунт), земјата на темјанот и на мирата.
Филаделф, кој имаше голем интерес во економските работи, беше пионер. Тој го обнови каналот на Нехо, кој водеше од Пелузијанскиот ракав на реката Нил низ Горчливите Езера во Црвено Mope, a со тоа воспостави врска со брод меѓу Црвено Mope и Медитеранот. Освен тоа, почнувајќи од Коптос во Горен Египет изгради карвански пат низ пустината до Береника на Црвено Mope, во географска ширина на Асуан.
Црвено Море
Тој, како и неговите наследници, направи серија од населби на африканскиот морски брег на Црвеното Mope, кои во почетокот беа изградени главно како пристаништа за ловците на слонови, бидејќи тие имаа потреба од африкански слонови за да им се противстават на индиските слонови на Селеукидите, но во исто време тие служеа како природни пристаништа за трговските бродови.
Кога во вториот век слоновите повеќе не се употребуваа за војување, населбите продолжија да се употребуваат како пристаништа или како трговски стоваришта на трговските бродови. Од времето на Еуергет I бродовите исто така со страв се движеа низ опасниот теснец Бабел-Мандеб и доаѓаа до морскиот брег на Сомалиската земја, за да му донесат на кралот мириси и мира на кои имаше монопол.
Ова отворање на Црвеното Mope за трговија водеше и кон трговски односи со арапскиот морски брег, на кој се лоцира и Филаделф. Но, Птолемејците не ги ограничија своите цели до морскиот брег на Африка и Арабија. Тие правеа усилби да се прошират во други делови до Индија и да прават трговски зделки по море до нивните земји и така се оддалечуваа од ривалот Селеукидите, иако во почетокот не со голем успех. Филаделф влезе во дипломатски односи со Индија.
Таму испрати некој си Дионисие за амбасадор, а славниот Асока ги знаеше Птолемејците, како и другите елинистички кралеви. Но, во почетокот тргувањето не можеше да се врши директно со Индија, затоа што египетските трговци не отидоа зад Аден или островот Сокотра јужно од Арабија.
Така, индиските трговци доаѓаа таму и ги разменуваа своите стоки со Египќаните. Овој систем не се измени, се до околу 100 година пред н.е. кога еден смел антички грчки капетан по име Хипал, верувајќи на монсуните, беше однесен преку морето до делтата на реката Инд.
Од тоа време, врската со Индија преку море значително се зголеми, но беше важна само до периодот на Август, кога Александрија стана средиште на индиската трговија кон запад.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН